Свет
28. March 2016 - 19:40

ИСИЛ објави нови ужасни снимки: „Брисел е само зрно за тоа што следува“

ИСИЛ објави ново пропагандно видео во кое се прикажува ликвидирање на наводниот „шпиун“ со кое терористите го слават минатонеделниот напад во Брисел.

Вознемирувачкото видео го прикажува белгискиот терорист Абу Ханиф ал Каљки, познат како „Hicham Chaib“, како застрелува маж а со тоа ги слави нападите во кои смрттно настрадаа 31 лице.

Во видеото кое трае девет минути, се гледаат џихадистите кои се тешка закана за Европа.

Додека говори на француски, фламански и арапски, еден џихадист нагласува како неодамнешниот масакар бил само предупредување, а другиот говори дека борбата ќе започне во куќи, улици, училишта и јавни места.

Лидерот на радикалната група “Sharia4Belgium” открива за Европа и Западот за бомбардирањата во Сирија и тврди: „Ќе ги убиеме вашите луѓе“.

Исто така изјавува дека Брисел е само „зрно за тоа што следува“...

На крајот од видеото му пука во глава на наводниот „шпиун“ кој носи портокалово одело. Откако испука два куршуми, во видеото се гледа како затвореник лежи на подот во локви крв.

Освен ова видео, има уште многу други во кои џихадистите се закануваат на англиски јазик.

„Abou Umar Al-Muhajir“ зборува дека е многу среќен поради неодамнешните напади на Брисел како и масакарот во Париз.

- Алах ќе ги смести бомбашките самоубијци на највисокото место во рајот. Сакам да знаете вие неверници, дека нашите војници се насекаде. Додека продолжувате со бомбите, ние ќе колеме по вашите улици. Око за око, заб за заб. Немате лек од Исламската Држава. Секој ден се повеќе се шири нашата мрежа.

Видеата се објавени откако пристигнала информација дека Сириската војска со помош на руските сили ги протерала џихадистите на Исламската држава од Палмир.