Македонија
1. December 2021 - 21:19

Исфрлање на пластичните кеси е само мал дел од промена на системот - кога ќе се селектира отпадот?

Купуваме пијалаци пијалаци во пластично шише, зејтин, југорт, млеко, а потоа на каса плаќаме 15 денари за пластична ќеса за да се заштити животната средина. Оваа парадоксална теза е се позастапена на социјаните мрежи откако од денеска во сила стапија новите Законски измени.

Меѓутоа, ова е само првиот чекор кој се презема за заштита на животната средина. Главно и најзначајно е селекцијата на отпадот. Тоа, според екоактивистите ќе помогне да не се трупаат депониите со пластика која може да се рециклира.

-Доколку е селектира отпадот со примарна селекција, доколку не е мешан со комуланиот, останатиот отпад има многу поголема вредност и е многу полесен за понатамошна обработка. Во Дрисла треба да се носи неопасен и стабилизиран отпат, но не и како сега целиот комунален отпад со сите свои вредности, како пластика, хартија, лименки да завршува на депонија, вели Борче Кузмановски од „Биди Зелен“.

Консултатот за животна средина, Филип Иванов вели дека најважно е да се постави систем за селекција за отпад. На Германија потребни и биле 20 да го воспостави овој систем, но тоа не значи дека на Македонија ќе и биде потребно толку време. Македонија досега направила се што е неопходно во делот на законодавството.

- Она што сега е неопходно да почнеме е инвенстиционен циклус со којшто ќе овозможиме услови на граѓаните да го селектираат отпадот, но во исто време да развиваме систем којшто тој отпад, селектираниот ќе го прими, ќе го преработи или ќе го третира на соодветен начин. Тоа не значи дека ние како мала држава мора да изградиме постројки за рециклирање. Селектираниот отпад може и да се извезува онаму кадешто е економски исплатливо, вели консултантот Иванов.

Министерот Нуредини вели дека селектирањето на отпадот е се уште на почеток.

Државата ќе мора да вложува многу пари во регионалните депонии бидејќи во моментот само Дрисла исполнува какви-такви критериуми.