Македонија
3. February 2019 - 16:19

Иселеници од Струга сакаат да инвестираат во хотели долж брегот на езерото

Стружани кои долги години живеат во Европа и Америка заинтересирани да инвестираат во матичната земја.Градоначалникот Мерко вели дека иселениците сакаат да градат  хотели долж ривиерата кои ќе ја збогатат туристичката понуда и ќе го задржат нивото на гостите со оглед на тоа дека градот се соочува со недостиг на капацитети особено во летниот период.

Градот на мостовите во овој период од годината кога нема доволен број на туристи го развива конгресниот туризам.

Туристичките работници сметаат дека во Струга недостигаат високо категоризирани хотели кои ќе понудат нови содржини и на тој начин ќе придонесат за севкупниот развој на туризмот.