Македонија
23. July 2015 - 8:38

Иселенички културни средби 2015

Иселенички културни средби денеска ќе се одржат во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво.

На средбите, меѓу другото, предвидена е промоција на повеќе книги од иселеници од Гетеборг, Берлин, Мелбурн...а ќе бидат презентирани и 40 години настава на македонски јазик во Канада и Словенија од Благица Дафовска односно Зекирија Шаиновски. На средбата ќе бидат одбележани и 55 години од формирање на Ансамблот Македоника од Торонто.

Како што информираат од Агенцијата, средбата е организирана поради големиот интерес од претставници на иселенички организации за промовирање на активностите поврзани со чување и негување на македонската култура во иселеништвото.