Македонија
29. September 2015 - 18:24

Исчистени околу 3.500 кубни метри шут од коритото на Кумановка

Околу 3.500 кубни метри шут, смет и отпад за десетина дена  се исчистени од речното корито на Кумановка. Увид во чистењето на коритото на Кумановка во населбата Средорек денесак изврши градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски, кој потсети дека станува збор за проект на општината за кој од буџетот се одвоени 3,4 милиони денари. 

- Имаме неколку типа на машини, поголемите за поголеми протоци и помалите за суводолици. Мислам дека на овој начин ќе делуваме превентивно во пресрет на есенските дождови кои ги очекуваме. Да санираме и спречиме појава на поплави во овие трусни делови како што е Средорек, Бавчи, „Никола Тесла“, каде во изминатиот период имаше изливи и големи материјални штети, изјави Дамјановски.
 
Тој нагласи дека 80 проценти од количината на сметот кој се чисти, е предизвикана од несовесното однесување на граѓаните, бидејќи од коритото, рече, се вадат стари предмети, кревети,машини и животни.