Исчистени 300 кубни метри отпад од диви депонии на Јадранската магистрала
Исчистени се приближно 300 кубни метри отпад од диви депонии на потегот од булеварот „Словенија“ кон Момин поток во рамки на седумдневната акција што заврши вчера за генерално чистење на Јадранската магистрала, во скопската населба Визбегово.
Поради поволните временски услови, од ЈП „Комунална Хигиена“-Скопје информираат дека било спроведено и машинско миење со автоцистерна.
Од претпријатието апелираат до стопанските субјекти и угостителските објекти да им помогнат да ја одржат хигиената и чистотата на Јадранската магистрала.
Во реализација на акцијата, секојдневно беа ангажирани 35 работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како и екипи на ЈП „Водовод“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“, се наведува во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација