Македонија
17. December 2017 - 18:33

Исчистен одронот на патот кај Џепчиште

Исчистен е одронот на регионалниот патен правец Дебар – Струга кај село Џепиште и  сообраќајот се одвива нормално по две коловозни ленти, соопшти Диспечерскиот центар за известување на ЈП „Македонија пат“.

Поради одронот од голем камен сообраќајот на патот од изутрина се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 метри.