Македонија
1. November 2019 - 16:22

Исчистен кејот на реката Вардар во Велес

Екипи  на ЈКП „Дерен“ го исчистија кејот на реката Вардар во Велес од купишта смет, лисја и други отпадоци.

Тие апелираат до граѓаните да не го нагрдуваат со смет ова пријатно рекреативно катче на велешани.

– Апелираме до поедини несовесни граѓани да не фрлаат смет покрај шеталиштето и на самиот брег со што ја нагрдуваат сликата на ова омилено шателиште на велешани покрај самата река и да не ги уништуваат клупите и останатата урбана опрема, повикуваат од ЈКП „Дервен“.

Инаку чистењето на кејот е во согласност со Годишната програма за јавна чистото на ЈКП „Дервен“.

Инаку „Дервенци“ претходно генерално го исчистија кејот во август, а на барање на Општина Велес.

Кејот на реката Вардар е долг 130 метри, а во негова непосредна близина е Споменикот на славните велешки „Гемиџии“, а тука се наоѓа и Мало мовче, кои освен за велешани се интересни за туристите кои  доаѓаат во Велес.

-Затоа и грижата за чистотота на кејот на Вардар треба да биде и грижа на сите граѓани, апелираат од ЈКП „Дервен“.