Македонија
12. December 2018 - 17:05

Исчезнато 26- годишно момче во Скопје

Скопјани и полицијата се во потрага по 26 годишно момче кое исчезнало завчера вечер. Пино Секондо излегол од дома со  бел автомобил Шкода со регистарски таблици SK 1566 AP.  Облечен е во црна кошула и црн капут а последен пат е виден во  населба Ѓорче Петров во понеделникот околу 22 часот. Мајката Маја Трпковса која очајно бара помош во телефонски разговор за Сител вели дека последно нејзиниот син излегол да се види со девојка. Според кажувањата на  девојката тие имале кратка средба по што тој рекол дека ќе си оди дома бидејќи сака да одмори за следниот работен ден.

- Пино нема пороци, одговорно момче е. Не може да исчезне и тој и автомобилот никој да не го видел. Не е пријавен во ниту една болница како пациент. Тој не би направил нешто лошо, чекаше да се вратам од пат, но кога пристигнав вчера околу 10 часот, неговиот татко ми ја соопшти оваа страшна вест. Забележал дека не се вратил дома утрото во 6 и 45, бил достапен дваесетина минути на двата телефони кои ги користи. Околу 7 и 10 минути телефоните не се веќе достапни. Веднаш почнавме со потрагата.

Мајката на Пино бара поголема ажурност од институциите да се проверат уличните камери и да се лоцира неговиот мобилен телефон. 

Од МВР велат дека се преземаат сите активности за пронаоѓање на лицето. Исчезнувањето го  пријавила неговата мајка  на 10ти декември, во полициското одделение Петровец. Пино е вработен во италијанската фирма која го гради експресниот пат Крива Паланка – Ранковце. Последен пат на работа бил во понеделникот. Проект менаџерот за Сител изјави дека Пино е вредно и добро момче и никогаш порано не отсуствувал ненајавен од работа. 

Пино Секондо е роден во Рим Италија но живее и работи во Скопје Родителите ги провериле сите социјалните мрежи кои ги користел но таму не е забележано ништо невообичаено. Доколку некој го забележи момчето или неговиот автомобил веднаш да пријави во полиција или кај неговата мајка Маја Трпковска.