Македонија
6. April 2017 - 15:16

Исчезнато 11- годишно девојче пронајдено на улица на Бит Пазар

11 годишната Рамиза Ибраими денеска е пронајдена на Бит пазар.

Рамиза ја нашле службите од Домот 25ти мај каде девојчето живеело.

Директорот на домот ја потврди информацијата за Канал 5 и објасни дека со девојчето ќе работат социјалните служби. 

Рамиза е во добра здравствена состојба потврдуваат од домот. Според првичната изјава девојчето само заминало од домот, од како нејзиниот татко ја вратил. Рамиза од својата петта година живее во овој дом, бидејќи нејзиниот татко и мајка биле на отслужување на затворска казна.

Тие живеат во домот Чичино Село и таа од време на време заминува и кај родителите.