Македонија
3. December 2015 - 14:47

Исчезнатиот кратовец пронајден мртов - еве што се случило

 
Во полициската станица во Кратово вчера околу 11.20 часот, Д.Ц.(40) од Кратово, пријавил дека заедно со лицето Д.Н.(33) од Кратово  на местото „Трајкова нива“, го пронашле починат П.Н.(70) од Кратово.
 
Починатиот бил пријавен за исчезнат на 26.11.2015 година.
 
Од страна на доктор од ЈЗУ-Кратово, констатирана е природна смрт поради престанок на работа на срцето.
 
Со согласност наавното обвинителство,, телото на починатиот е дадено на фамилијата за погреб.