Македонија
28. April 2016 - 12:57

Исчезнаа момче и девојче од Скопје

Вчера во 23.30 часот во ПС-Аеродром, А.С. (47) од Скопје пријавила дека истиот ден во 06.45 часот нејзината седумнаесетгодишна ќерка отишла  на пракса и не се вратила дома. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот ден во 21.00 часот во ПС-Карпош, В.С. (45) од Скопје пријавила дека на 25.04.2016 година околу 11.00 часот  од нивниот дом, во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.С. (18). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.