Македонија
29. November 2021 - 17:32

Исчезнаа две малолетни деца од Велес, семејството ги бара

Две деца од Велес го напуштиле својот дом пред два дена и сѐ уште не се вратени дома. Таткото го пријавил случајот во полиција, откако децата, чија возраст полицијата не ја открива, подолго време не се вратиле.

„На 28.11.2021 год. во 03.30 часот во Полициската станица Велес С.Б.(39) од Велес пријавил дека, на 27.11.2021 год. околу 19.30 часот од неговата семејна куќа се оддалечиле неговите двете малолетни деца и сѐ уште не се вратени“, соопштија од СВР Велес.

Од полицијата велат дека се трага по децата.