Македонија
3. February 2017 - 14:56

Исчезнаа две девојки - Случајот пријавен во полиција

 
Две исчезнувања се пријавени претходниот ден во полциска станица. Во првиот случај во 22 часот во полицијата во Гостивар, 50-годишниот Б.Л. од селото Дебреше пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила 19-годишната В.В.
 
Исто така, вчера телефонски било пријавено во полиција дека во 14 часот од дома се оддалечила 13-годишна малоелтничка.
 
Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка, Е.С.
 
Полицијата работи на пронаоѓање на двете исчезнати лица.