Живот
18. August 2016 - 20:14

Исчезна за 59 секунди: Овој пајак е кошмар за возачите

Возите пријател или драг роднина на аеродром, се паркирате на брзина, излегувате од автомобилот да му помогнете да го однесе багажот, се враќате назад и автомобилот го нема!? Прва помисла би била дека возилото е украдено, но не и во овој случај.

Со пајакот кој работи на турскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ во Истанбул нема шега и нема простување. Тој патролира низ аеродромот на секои 5 минути, а возилата што пречат може да ги крене за помалку од една минута.