Македонија
26. February 2019 - 21:20

Исчезна уште едно лице- последен пат е виден во Ново Лисиче

На социјалните мрежи се шири повик за помош во потрага по исчезнат постар човек кој боледува од деменција.
 
Исчезнатиот се вика Војислав Марковски, го нема од 16 часот денеска. Исчезнат е во Ново Лисиче, кај трговскиот центар „Лиса“, но може да е било каде низ Аеродром или Ново Лисиче, или пошироко. Облечен е во црни тренерки и црна јакна, а носи и црна спортска капа. Ако имате какви било информации, јавете се на 075 221 993 или 075 322 677.