Македонија
17. December 2017 - 20:40

Исчезна скопјанец, семејството и полицијата го бараат со денови

На социјалните мрежи вечерва се појавија фотографии од Душан Трајковски од Карпош 1, кој исчезнал пред неколку денови.

– Исчезнат е Душан Трајковски од Карпош 1, излезен е со велосипед, последен пат е виден пред околу една недела. Човекот е витален, не е сенилен ниту дементен. Вообичаени релации на движење околина на Визбегово, Момин Поток, Бардовци, Буњаковец, Ѓорче Петров. За било каква информација јавете се на 070/220-268 Јордан или во најблиската полициска станица. Пријавено е – се наведува во апелот на социјалните мрежи.