Македонија
18. December 2016 - 14:58

Исчезна маж од Скопје - полицијата интензивно го бара

Македонската полиција трага по скопјанец од кој од пред два дена нема ни трага ни глас. Полицијата информира дека вчера во 11 часот и 45 минути во Полицијата во Центар, се јавил 60-годишниот Б.М. кој пријавил дека на 16 месецов околу 08 часот од својот дом во непознат правец се оддалечил неговиот син.

Се работи за 37-годишниот Д.М. од Скопје, по кој полицијата интензивно трага.