Свет
16. August 2015 - 16:49

Исчезна индонезиски авион со 54 патници и членови на екипажот

Индонезиски патнички авион со 54 лица, што летал на национална релација, исчезна од радарите на воздушната контрола над реон на Источната провинција Папуа, соопшти Националната агенција за потрага и спасување.

- Изгубивме контакт со авионот, изјави шефот на агенцијата Бамбанг Соелисто. 

Авионот и припаѓа на компанијата Тригана ер сервис“. 

Во него имало 44 патници, пет деца и бебиња и петчлен екипаж.

Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил.