Свет
30. December 2016 - 9:48

Исчезна грчкиот амбасадор во Бразил

Бразилската полиција почна потрага по амбасадорот на Грција во Бразил, Киријакос Амиридис, последен пат виден во понеделникот во близина на Рио де Жанеиро каде со семејството бил на одмор.

Автомобилот на амбасадорот денеска бил пронајден во Рио. Во него имало само еден изгорен човечки труп. Останките се испратени во лабораторија на експертиза, јави телевизијата Глобо.

Амиридис почнал со дипломатска кариера во 1985 година. Од јануари оваа година е на функција амабсадор во Бразил. Бил амабсадор во Либија (2012-2016) и од 2001 до 2004 година бил конзул во Рио де Жанеиро.