Македонија
21. February 2019 - 16:38

Исчезна 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски - последен пат виден на пат од Беверли Хилс кон Бриколаж

Безживотно машко тело е пронајдено попладнево во Нерези, потврдува полицијата.. Од МВР велат дека на местото е пронајден и напуштен автомобил фолксфаген поло..

Засега не потврдуваат дали пронајденото тело е на исчезнатиот Горан Атанасовски.. МВР информира дека телото е предадено за обдукција која ќе треба да го утврди идентитот на починатиот маж како и причините за смртта..

Инаку 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски вчера беше пријавен за исчезнат и според неговото семејство управувал фолксваген поло.. Последен пат бил виден околу 16 часот кај трговскиот Беверли Хилс во Капиштец по што заминал кон Бриколаж.. Во моментот кога исчезнал бил облечен во кошула и панталони.. Исчезнувањето на Атанасовски, семејството го пријавило синоќа на полноќ во полициската станица Кисела Вода..  

Инаку скоро трет месец нема трага ниту глас од 26 годишниот Пинета Секонкдо – Пино..

Според пријавата во полицијата, тој последен пат бил виден во декември минатата година во населбата Ѓорче Петров.. Управувал бел автомобил шкода со скопски регистрации.. Досега МВР нема информации за исчезнувањето на младото момче..