Балкан
26. January 2017 - 11:16

Иса Мустафа најавува дијалог Приштина-Белград со почести состаноци

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека состаноците на Белград со Приштина во Брисел ќе бидат почести, и следниот состанок ќе биде одржан во февруари.

Мустафа за РТ Косово изјави дека претходниот осстанок во вторникот, бил исклучително тежок.

– Следното продолжување на дијалогот ќе покаже дали Србија е навистина заинтересирана за нормализација на односите, како што и е ветено на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави тој.