Кошарка
30. December 2016 - 10:25

Ирвинг и Лав го предводеа Кливленд во победата над Бостон

 
 
 Шампионот Кливленд забележа победа во дуелот протов Бостон со 124-118, во еден од шестте натпревари кои се одиграа ноќеска во кошаркарската НБА лига. 
 
Кајри Ирвинг со дабл-дабл од 32 поени и 12 асистенции, како и Кевин Лав кој реализираше 30 поени ги предводеа „Кавси“ до 24 победа сезонава. Иако не бешпе најефикасен во својата екипа, сепак Леброн Џејм одигра уште една маестрална партија во кој оствари „трипл-дабл“ со 23 поени,  15 скокови и 12 асистенции.
 
Предноста на домашниот терен ја искористија уште четири екипи. Марк Гасол со 25 поени ја предводеше еикпата на Мемфис до победата над Оклахома Сити со 114-80. Составот на Шарлот го совлада Мајами со 91-82, додека Феникс  беше подобар од  Торонто со 99-91, како и Јута која со 100-83 ја победи Филаделфија.
 
Единствениот меч на кој синоќа победа славеа гостинскоите кошаркари се одигра во „Степлс Центарот“ во Лос Анџелекс, каде Далас со 101-89 ги победија „Лејкерси“. 
 
Вечерва во терминот од 22 часот по македонско време ќе се игра мечот меѓу Индијана и Чикаго.