Свет
16. јуни 2017 - 15:20

Ирскиот премиер Варадкар посредува за решавање на политичката криза во Северна Ирска

Новозибраниот ирски премиер Лео Варадкар,денеска, на одвоени средби, ќе се сретне со лидерите на двете главни политички партии во Северна Ирска - Демократската унионистичка партија (ДУП) на тамошните протестанти и на Сеирската републиканска и католичка Шин Феин, во обид да се надмине повеќемесечната северноирска политичка криза.

Варадкар веќе се сретнал со лидерот на ДУП, Арлен Фостер, и на средбата станало збор за политичката криза во Северна Ирска, но и за Брагзит. 

Преговорите за Брегзит почнуваат во понеделник, а владата во Даблин, како и мнозинството Северноирци се загрижени за последиците што може да настанат за островот и за одржувањето на мировниот процес во покраината, воспоставен со спогодбата од Велики петок во 1998 година.

Главната загриженост потекнува од можноста да се запре сегашната слободна комуникација на луѓето од Северна Ирска и од Република Ирска и меѓу нив одново да се воспостави граница и да се уреди царинска контрола, што би требало да биде нормална последица на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Даблин стравува дека тоа ќе и наштети на ирската економија, но и на Северот од островот. Главната загриженост доаѓа од можноста повлекувањето од ЕУ, да ја врати покраината во годините на насилство и судири меѓу католиците и пртестантите.

ДУП како најголема партија на унионистите се определи за Брегзит, додека Шин Феин водеше кампања за останување во ЕУ. На референдумот од јуни 2016 година, 56 отсто од Северноирците се определија против Брегзит.

Арлен Фостер по разговорите со Лео Варадкар во Даблин изјави дека нејзината ДУП смета дека Владата во Лондон треба да се определи за помек Брегзит, што е спротивно на заложбите и инсистирањето  на „брегзитерите“ во редовите на британските ториевци.

Фостер ја прекори британската Влада и за преговорите околу поддршката што треба да и ја дава ДУП на малцинста влада на Тереза Меј.

-За танго се потребни двајца, а ние сме подготвени да играме, порача Фостер, откривајќи дека има несогласување во преговорите и дека Северноирците вината за тоа ја префрлаат на владата во Лондон.

Северноирската политичка криза и несогласувањето на ДУП и Шин Феин околу тоа кој да биде прв министер на владата во Белфаст, се соочува со директна управа од Лондон, ако до 29 јуни не се најде решение.

Од тоа се стравува во Даблин, а притив се католичките партии во Белфаст, кои предупредуваат дека може да дојде до радикалзација на ситуацијата.