Свет
30. January 2017 - 16:30

Ирска во целост ќе престане да вложува во необновливи извори на енергија

Енергетската политика на поголемиот дел од светот се повеќе се концентрира на обновливите извори на енергија, напуштајки ги фосилните горива. 

Овој чекор би требало позитивно да влијае на еко-составот на Земјата, намалувајќи ги ефектите од климатските промени и влијанието на индустриското производство на електричната енергија врз околината. 

Некои земји како Норвешка и Исланд веќе се на пат кон целосно напуштање на необновливите извори, но изгледа дека Ирска би можела да биде првата која во целост ќе ги елиминира на државно ниво. 

Имено, ирскиот парламент донесе одлука со која на државниот Фонд за стратешки инвестиции, што инаку располага со осум милијарди евра, му се забранува во иднина да вложува во која било индустрија поврзана со фосилни горива. 

Овој предлог треба да биде преточен во закан во текот на наредните неколку месеци, откако ќе го ревидира државниот одбор за финансии. 

 

Ново на Сител