Свет
26. May 2018 - 13:37

Ирска: Кампања против либерализација на абортусот го призна поразот на референдумот

Главната група, која се противи на либерализацијата на ирскиот закон за абортусот, денеска призна дека претрпе голем пораз на вчерашниот референдум.

Народот на Ирска „се наклони на една страна на вагата. Се разбира, јас би сакал да се наклони на другата", изјави Џон МакГјурк, директор за комуникации во кампањата „Да го спасиме осмиот амандман".

Нема шанси законот за правото на абортус да не биде одобрен, додаде тој.