Свет
10. September 2017 - 17:08

Ирма пристигна на Флорида - Пријавена првата жртва

Ураганот Ирма  преку Карбите и Куба стигна на Флорида. Градовите на југот на таа американска созјузна држава први ја осетија силината на Ирма –ветер со јачина од 250  километри на час  и обилни доджви. НАд 420  000  домови и фирми се без електрична енегрија.  

Од Македонската амбасада во Вашингтон соопштија дека досега ниеден македонски државјан не побарал помош.

Ураганот се движи непредвидло и постојано доаѓа до негово слабење, односно засилување предурпедуваат метеоролозите додека властите ги повикаа граѓаните кои се на патот на бурата да ги почитуваат веке издаени препораки и им порачаа дека  навреме ќе ги   информираат кога   опасноста ќе помине.

-Ова е смртоносна бура и нашата држава  никогаш не видела вакво нешто.  Милиони жители на Флорида  ќе видат силни удари на ураганот со смртоносни бранови и ветрови кои го угрозуваат животот изјави  Рик Скот,  гувернер на Флорида

Шест милиони и 300 жители на Флорида добија наредба за евекуација. Дел од нив ја напуштија државата,  дел се сместија во отоврените јавни залосништа, но и има и такви остнаа  т во своите домови.

-Мислевме дека можеме да останеме во куќата , живееме многу блиско. Но откако ни кажаа дека ќе биде полошто од ураганот Ендрју, одлучивме да дојдеме и да биде сигурни тука  вели жителка на Мајами која се сместила  во едно од многуте јавни засолниШта.

Ирма на Карабите  однесе 24 животи и остави стотици илајди луѓе без своите домови.  Инаку Разорната мок на ургаљнот  предизивјка несекојденевен феномен.  Ирма ја повлече водата од брегот на Бахамите зад себе оставјаки сува земја.