Џет-Сет
12. September 2017 - 18:24

Ирма дојде и во нашиот двор: Лепа Брена покажа каков хаос предизвика невремето во нејзиниот двор

Вчера ураганот Ирма протатне низ САД, а музичката ѕвезда Лепа Брена се пожали со фотографија на која се гледа како поминал низ нејзиниот двор во текот на невремето во Србија, споредувајќи го со истото, но многу полошо невреме на Флорида.

Имено, пејачката на својот Инстаграм објави слика нејзиниот двор во Бежанијска коса на кој се гледа како кошот завршил во базенот, среде невремето што синоќа го погоди Белград.

„Ирма дојде и во нашиот двор. Целиот кош ветерот го фрли во базен“ се пожали пејачката на популарната социјална мрежа, што предизвика лавина коментари од нејзините обожаватели.

Инаку Брена има куќа во Мајами, а според пишувањето на српските медиуми нејзиното семејство стравува дека ураганот Ирма го опустошол и нејзиниот имот во САД.