Џет-Сет
18. July 2016 - 14:22

Ирина Шаек во мини бикини

 
Една од најуспешните манекенки на денешницата, Ирина Шаeк викендов уживаше  заедно со Бредли Купер.
 
Облечена во минијатурно црно бикини, Ирина го покажа нејзиното убаво и извежбано тело. Бикинито го покриваше само она што треба да е покриено – брадавиците и интимните делови!
 
Сепак, како модел мора да се грижи за себе, па не дозволи косата да и се оштети од сонцето. Најверојатно имаше ставено некој третман, па затоа седеше со алуминиумска фолија на глава во која и беше собрана косата.
 
Ниту Ирина, ниту Бредли не зборуваат за нивната врска во јавноста. Сепак, се појавуваат заедно на јавни настани, па изгледа дека врската им е сериозна.