Џет-Сет
27. February 2019 - 20:47

Ирина и Бредли фатени после секси инцидентот на Оскарите

Бредли Купер и Ирина Шајк фатени се во нивно заедничко излегување после секси инцидентот на доделувањето на Оскарите, а се чини дека не се баш најдобро расположени. Веројатно не треба многу да се најде вистинската причина за тоа.

Имено хемијата меѓу Бредли и Гага која се чувствуваше во воздухот за време на изведбата на нивната песна за време на годинешново доделување на Оскарите, главна тема се во пишувањата на сите светски медиуми, а шушкањето за вистинската природа на нивниот однос не престанува.

А среде сите нагаѓања, Бредли и Ирина се фатени за време на заедничко возење и тоа со прилично мрзоволни лица.