Ракомет
9. March 2017 - 16:46

Ирина Дибирова нов тренер на ЖРК Вардар

Поранешната трикратна светска шампионка, и двоен победник на лигата на шампионите Ирина Дибирова во иднина ќе биде нов тренер на ЖРК Вардар.
 
37-годишната Русинка од денеска ја превзема екипата, заедно со Аце Станковски кој останува помошник во женската екипа.
 
Досегашниот тренер Давид Дејвис, на негово барање, се враќа во првиот машки тим и ќе продолжи да работи со Раул Гонзалез.
 
Првиот предизвик за новиот тренер на вардарки е саботниот меч од последното коло од главната фаза на женската лига на шампионите против Турингер.
Вардар е на второ место во групата и веќе има обезбедено пласман во четврт-финалето, што ќе биде наше четврто играње во Топ-8 фазата.
 
Во својата богата играчка кариера Дибирова има настапувано во четири екипи, од кои што три во Русија и имаше интернационална кариера со настап во тимот на Слагелсе во Данска, во златното време кога Данките доминираа во Европа. Како играч има искуство со настап во речиси сите европски купови, и пет шампионски титули во три различни куп натпреварувања.