Македонија
20. November 2015 - 13:24

ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ, покажуваат резултатите однајновата теренска анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, направена во периодот од 29 септември до 5 октомври годинава, на репрезентативен примерок од 1.106 испитаници.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во однос на СДСМ, согласно резултатите кои покажуваат дека 24 проценти од анкетираните граѓани се определиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ двојно помалку - 12 проценти.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, покажуваат резултатите од истражувањето, има рејтинг од 5 проценти, наспроти 18 - те проценти за лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски. Триесет и пет проценти од граѓаните се изјасниле и сметаат дека Никола Груевски заслужува реизбор.

Според последната теренска анкета на ИРИ, скоро тројно повеќе од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи понапорно за да ја добие поддршката од избирачите.

Дваесет и седум проценти сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна и работи понапорно, наспроти само 10 проценти од анкетираните кои сметаат дека тоа е СДСМ.