Живот
28. April 2017 - 14:59

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и заработува од тоа, поточно од рекламите на својот блог, каде што објавува и кои се земји и места ги посетил.

Потекнува од сиромашно ирско семејство, а за да заврши факултет, заработувал како доброволец при тестирање лекови. Работел како наставник по англиски јазик во Тајланд и во Австралија...

- Дадов отказ од работата во Сиднеј поради желбата да патувам по светот и да бидам блогер. Кога ми се јавија огласувачи по шест месеци, мислев тоа пријателите ме зафркаваат, но за среќа, мојата сомничавост не ги одврати огласувачите, па на крајот и се договоривме за соработка, раскажува авантуристот. 

Така почнало се. Се повеќе огласувачи посакале да се рекламираат на неговиот блог, и така неговото хоби досега му донело заработка од 1,75 милиони евра. Но, сето тоа има и негативни страни...

- Најморничаво беше она кога пукаа во човек пред мене, 20 минути откако слетав во Ангола, се присеќа Џони.