Свет
3. December 2016 - 18:31

Иранскиот Парламент забрани увоз на стоки за широка употреба од САД

Иранскиот Парламент усвои денеска закон, со кој се забранува увоз на стоки за широка употреба од САД, јави ТАСС. 

Мерката се воведува како реципрочен одговор на активностите на Сенатот на САД, кој ги продолжи санкциите против Иран, воведени во 1996 година.

Пратениците едногласно го поддржаа законот поради „постојаното непријателство и поради тоа што американскиот Конгрес не ги почитува заложбите на САД во рамки на мултилатералната спогодба за иранската нуклеарна програма, се вели во соопштението.

- Ќе следуваат и други соодветни мерки, изјави пратеникот од Техеран Бехруз Немати.