Ирански хакери урнаа сајт на американска федерална агенција
Ирански хакери урнаа интернет страница на американска федерална агенција и објавија пораки со ветувања за одмазда за смртта на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во петокот во напад со дрон по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Страницата на Федералната агенција за објавување владини публикации (FDLP – Federal Depository Library Program) била сменета со страница со натписи на англиски и персиски јазик.
– Ова е порака од Исламската Репоублика Иран. Нема да престанеме да даваме поддршка на нашите пријатели во регионот – угнетените народи на Палестина, Јемен, Бахреин, народот и владата на Сирија и на Ирак.
Тие тврдат дека сајтот е урнат од „ирански хакери“, членови на „група за кибер-бебзедност на Иран“. Во пораката се упатува предупредување дека виновниците за смртта на Сулејмани ќе ги стигне „ужасна одмазда“. „Тоа е само мал дел од кибер-способностите на Иран“.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња