Ирански генерал: Еден куршум кон мојата земја ќе предизвика пожар на американските интереси
Иранската армија денеска ги предупреди САД дека најмалиот напад врз територијата на Иран ќе има катастрофални последици за американските интереси во регионот.
-Испукување на еден куршум кон Иран ќе предизвика пожар за интересите на Америка и нејзините сојузници, изјави бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, портпарол на Генералштабот на обединетите ирански вооружени сили. -Ако непријателот, особено Америка и нејзините сојузници во регионот, направат грешка и испукаат куршум на бурето барут на кое се наоѓа Америка, тогаш ќе се запалат нејзините интереси, рече иранскиот генерал, додавајќи дека целта на „непријателот”, особено Израел, е да го разоружа Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека во последен момент се откажал од воздушните напади врз Иран за да се избегнат човечки жртви, но се закани дека ќе му се одмазди на Техеран, кој ден претходно собори американско беспилотно летало.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.