Свет
8. March 2016 - 10:51

Иранската Исламска револуционерна гарда тестираше неколку балистички ракети

Иранската Исламска револуционерна гада денеска изврши тестирање на неколку балистички ракети во рамки на воената вежба во земјата. 

Ракетните тестирања имаат за цел да ја демонстрираат одбранбената моќ на Иран, како и неговата способност да се спротивстави на секоја закана на „исламската револуција, државата и нејзиниот суверенитет“.