Свет
30. November 2020 - 11:58

Иранска ТВ: Оружјето со кое е убиен Фахризад е израелско

Иранската телевизија на англиски јазик „Прес ТВ“ денеска објави дека иранскиот научник Мохамед Фахризад е убиен во петокот со оружје произведено во Израел.

– Оружјето кое е пронајдено на местото на терористичкиот напад, каде е убиен научникот, има лого и спецификации на израелската воена индустрија, изјавил неименуван извор за Прес ТВ.

Претходно, израелскиот министер за разузнавачки служби Ели Коен истакна дека тој не знае кој е одговорен за нападот.