Loading Video...
Свет
29. January 2023 - 16:33

Иран тврди дека со дронови е нападната воена фабрика во Исфахан

Со бесполетни летата  со бомби е нападната фабрика за муниција и за производството на дронови Шахид  во централниот град Исфахан во Иран во текот на  ноќта. Во соопштението на иранското Министерство за обдрана се наведува дека имало три беспилотни леатала што целеле на објектот, при што две од нив биле успешно соборени. Третиот дрон удрил во зградата предизвикувајќи мали оштетувања на нејзиниот  објект, но никој  не е повреден соошти Министерството, но не кажа на кого со сомнева дека стои зад нападот.  Нападот во Исфахан се случи, откако претходно од засега непознати причини избувна пожар во рафинерија лоцирана во северозападниот дел на земјата. Иран синоќа го погоди и земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала при што загинаа 3 лица а над 800 се повредени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху  одобри мерки за полесен притап до оружје за израелските граѓани по  палестинските напади во Ерусалим во кои загинаа седум израелци, а петмина беа ранети. Во исто време Нетањаху  објави сериија казнени мерки против Палестинците. Одлучиле да биде  укинато социјалното осигрување и другите бенефеции на семејствата на напаѓачите, уривање на домовите на напаѓачите, но и на оние за кои постои соменвање дека се вмешани во нападите.

Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен. Кој и да се обиде да ни наштети – ние ќе им наштетиме на нив и на сите што им помагаат.. Ќе ги запечатиме и уриваме домовите на терористите во забрзани процеси за да бараме дополнителна цена од оние кои го поддржуваат тероризмот. Вечерва ќе доставиме  до Кабинетот за безбедност дополнителни чекори во борбата против тероризмот изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Изарел.

Израелските власти одлучиле и да го зголемат бројот на војници на окупираниот западен брег.

Најмалку десет деца загинаа утрово  кога брод со ученици од религиозни училишта се преврте на езерото Танда Дам во северозападен Пакистан. Жртвите биле на возраст меѓу десет и 17 години. Повеќе ученици се водат за исчезнати изјавија пакистанските власти но не дадоа детали за тоа колку.  Во тек е потрага по изчезнатите. Несреќата се случи истиот ден кога се случи автобуска несреќа во Јужен Пакистан во која загинаа над 40 луѓе.

НАТО е подготвен за директен судир со Русија доколку таа ја премине црвената линија со инвазија на членка на Алијансата изајви  Претседателот на воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер. Според него стратешката цел на Русија е да оди уште подалеку од Украина, на други територии на поранешниот СССР.

НАТО мора да разбере дека таквите изјави го вовлекуваат светот во нуклеарен колапс. Тие нема да не принудат да се откажеме од нашите цели во Украина реагираше пратеникот на руската Државна дума Олег Морозов.