Свет
3. December 2015 - 8:57

Иран: Средба на сириски опозиционери во Ријад може да значи неуспех на Виенските преговори

Иранските власти сметаат дека средбата во Ријад на претставници на сириската опозиција може да доведе до неуспех на мировните преговори, во кои учествуваат западни и блискоисточни земји, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

- Мировните преговори се можност да се најде политичко решение за прекин на војната во Сирија. Такви средби во Ријад имаат за цел да им наштетат на Виенските преговори и не се дел од Виенскиот договор, истакна Абдолахиан.

Саудиска Арабија, која е сунитски противник на Иран, покани 65 сириски опозиционери на средба во Ријад во обид да ги зближи спротивставените групи пред следниот круг мировни преговори за Сирија.