Свет
10. July 2019 - 8:50

Иран се закани со уништување американски бродови во Персискиот залив доколку погрешат

Американските носачи на авиони во Персискиот залив се наоѓаат во дометот на иранските ракети и ќе ги уништиме доколку направат грешка, изјави синоќа командантот на иранската Револуционерна гарда Хосеин Нежат.

Тој додаде дека Американците се свесни за последиците од конфронтацијата со Иран, пренесоа британските медиуми.

Според западните агенции, тензиите меѓу Иран и САД нараснаа откако американскиот претседател Доналд Транп минатата година унилатерално се повлече од нуклеарниот договор што во 2015 година Техеран го потпиша со светските сили и притоа им воведе нови санкции на Иранците.