Loading Video...
Свет
31. July 2018 - 16:52

Иран поставува услови за средба со Трамп

Ако Доналд Трамп сака средба со иранското  раководството, прво мора Соединетите држави да ги  врати на меѓународниот атомски договор и да ги укине санкциите против Техеран. Условите ги соопшти еден од советниците  на иранскиот претседател. Претходно   американскиот претседател ТРамп порача дека е подготвен  да се сретне со неговот ирански колега  Рохани  кој тој ке посака, без предуслови.  Трамп  ги повлече Соединетите држави од договорт во мај , со објаснување дека тој не води до целосно запирање на нукелраната програма на Техеран.