Свет
15. October 2017 - 12:05

Иран посредува во кризата меѓу Ербил и Багдад

- Иранскиот генерал-мајор Касем Солејмани денеска пристигна во посета на Ирачки Курдистан, во мисија да посредува за отпочнување на преговори за надминување на кризата меѓу курдските регионални власти и централната Влада во Багдад, предизвикана со одржувањето на референдумот за независност на овој автономен регион.

Солејмани е командант иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда задолжен за задгранични операции, кои опфаќаат обука и доставување опужје на ирачките шиитски паравоени групи, кои ја поддржуваат Владата во Багдад.

Засега не е соопштено со кого ќе се сретне Солејмани во Ербил.