Свет
15. September 2019 - 13:50

Иран му одговара на Вашингтон: Американските бази и носачи на авиони се во досегот на иранските ракети

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата од САД дека стои зад нападите врз нафтените постројки во Судиска Арабија, оценувајќи ги како дел од вашингтонската политика на „големи лаги”.

Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави, изјави дека Вашингтон спроведува политика на „максимален притисок” врз Иран, но заради својот неуспех сега се служи со „максимални лаги”, пренесоа американските медиуми.

Вчерашните напади на беспилотните летала на јеменските бунтовници Хути врз најголемата постројка за преработка на нафта и едно големо нафтено поле во Саудиска Арабија влијаеше на привремената суспензија на производството на нафта на локациите Абкаик и Хураис.

Американскиот претседател Доналд Трамп по нападите го повика саудискиот престолонаследник Салман и му ја изрази американската поддршка.