Свет
17. December 2017 - 21:56

Иран: Макрон слепо го следи Трамп

Иран денеска го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон поради неговите цврсти ставови за Техеран. 

Иранците му порачаа на Макрон дека брзо ќе го загуби неговиот меѓународен кредибилитет доколку продолжи слепо да го следи американскиот претседател Доналд Трамп. 

 - За да го задржи меѓународниот углед Франција не смее слепо да ги следи САД, наведе Али Акбар Велајати, советникот на врховниот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи. 

Париз го обвинува Техеран дека се меша во регионалните судири.