Свет
16. February 2017 - 16:12

Иран: Израел е најголемата закана за мирот

Иран го обвини Израел дека е најголемата закана за светскиот мир, еден ден по нападите на лидерите на САД и Израел кон Техеран. 

- Горчливата вистина е дека тие неправедни тврдења се повторуваат од ционистичкиот режим, кој не го почитува меѓународно право и поседува стотици нуклеарни боеви глави, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми.

- Израел е најголемата закана за мирот и безбедноста во регионот и светот, рече тој и ги означи како апсурдни израелско-американските изјави.

Гасеми нагласи дека Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Техеран ги почитува условите за нуклеарната спогодба.