Свет
5. December 2021 - 8:44

Иран: Експлозијата во близина на нуклеарната централа Натанц е воен тест

Тест на противвоздушната одбрана во регионот Натанц во централен Иран ја предизвика вчерашната експлозија што се слушна на дваесетина километри од нуклеарниот комплекс Чахид Ахмади-Рочан, соопштија воени претставници.  

– Беше тестиран еден од регионалните ракетни системи за да се процени подготвеноста на теренот и нема причина за страв, изјави командантот на противвоздушната одбрана од регионот Натанц на државната телевизија.