Свет
14. October 2017 - 9:20

Иран до ОН: САД го уништија духот на нуклеарниот договор

САД „го нарушија духот“ на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, се наведува во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН до генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.

Иранскиот претставник Голам Али Хошру истакна дека договорот бил одобрен од Советот за безбедност на ОН и „не може да биде променет“.

- Исламска република Иран нема да се повлече прва од договорот, но ако нејзините права и интереси во спогодбата не бидат почитувани, тогаш таа ќе прекине да ги исполнува сите свои обврски и ќе ја обнови мировната нуклеарна програма без било какви ограничувања, се потенцира во писмото.