-->
-->
Иран бара стабилизација на цените на нафтата
-->
Иранскиот министер за нафта Биџан Занганех изјави денеска дека неговата земја ќе ја поддржи секоја одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) со цел стабилизирање на тој пазар.
Неговата изјава следела по разговорот со претседателот на ОПЕК, Мохамед Сануси Баркинд во Техеран.
Занганех истакна дека повеќето држави производители сакаат да ја зголемат цената на нафтата од 50 на 60 долари за барел.
- Оваа цена ќе овозможи попрофитабилно и економски поисплатливо производство на нафта за членките на ОПЕК, нагласи иранскиот министер.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјавил на средбата со Баркинд дека Иран има клучна улога во ОПЕК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација