Свет
8. July 2017 - 14:46

Ирак: Победата во Мосул е прашање на време, ИД ги губи последните метри

Ирачката државна телевизија објави денеска дека безбедносните сили во земјата очекуваат да воспостават целосна контрола врз градот Мосул, бидејќи џихадистичката група Исламска држава има само уште „неколку метри“ територија која ја контролира.

- Ги гледаме последните метри од борбата, по што ќе биде прогласена победа. Во прашање се часови, соопшти презентерката на ирачката телевизија, цитирајќи го дописникот кој се наоѓа заедно со безбедносните сили.

Ирачките сили водат борби со ИД, која е утврдена во Стариот град во Мосул.

Портпаролот на војската истакнал дека одбранбените линии на бунтовниците почнуваат да се уриваат.